310
Нејмар би можел да се врати во Европа, каде не настапувал од 2023 година. Откако замина во Ал Хилал и кратко потоа се врати во Сантос, бразилската ѕвезда за неполни две недели ќе стане слободен играч.
Таткото и агент на Нејмар потврди дека се водат разговори со неколку клубови, вклучително и такви кои играат во Лигата на шампиони.
„Ќе бидеме во Мајами на преговори. Ги слушаме сите понуди, а потоа ќе одлучиме. Опција е и останување во Сантос до Светското првенство 2026“, изјави Нејмар Сениор.
На клупско ниво, Нејмар има настапи за Сантос, Барселона и ПСЖ, додека за репрезентацијата на Бразил има 128 натпревари и 79 голови – најмногу во историјата на „селесао“.