Ден за европска ждрепка: Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа можните противници!

by riste
1 минути читање

Денеска со почеток од 16 часот во Нион, Швајцарија ќе се одржи ждрепката за првото квалификациско коло од Конференциската лига во кое ќе се најдат тројца македонски претставници.

УЕФА традиционално пред ждрепката ги скрати опциите за противници на екипите. Вардар, Силекс и Работнички не се носители.

Вардар се најде во група 3, а можни противници ќе му бидат: Дуделанж (Луксембург), Копер (Словенија), Сутјеска (Црна Гора) и Ла Фиорита (Сан Марино).

Силекс е во група 2, можни противници им се: Петрокуб (Молдавија), Ордабаси (Казахстан), Дечиќ (Црна Гора) и Урату (Ерменија).

Работнички е во 6. група, од која можни противници му се: Дила Гори (Грузија), Пјуник (Ерменија), Торпедо-Белаз (Белорусија) и Борац (БиХ).

Првите натпревари се играат на 10 јули, а реваншите се седум дена подоцна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×