Дебаклот на ФИФА на дело: На пријателски натпревари има повеќе публика отколку на Светското клупско првенство! (ФОТО)

by Стефан
0 минути читање

Новиот формат на Светското клупско првенство барем по првите натпревари се покажува како едно од поголемите промашувања на ФИФА.

Светската фудбалска организација се мачи со продажба на билетите за натпреварот, а доказ за слабата заинтересиранот е и вечерашниот натпревар кој Челси го игра против МЛС тимот на Лос Анџелес.

Натпреварот се игра пред речиси празни трибини и покрај сите напори на ФИФА да доведе публика. Многумина коментираат и дека повеќе публика има на подготвителните натпревари кои клубовите вообичаено ги играат во летниот период во текот на припремите за новата сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×