Новото засилување на Сити веднаш ги освои навивачите: Едвај чекам да го убијам Манчестер јунајтед!

by bojan
1 минути читање

Засилувањето од 40 милиони евра, Рајан Шерки веднаш ги освои навивачите на Манчестер Сити откако порача дека едвај чека да го „убие“ Манчестер јунајтед во новата сезона.

„Граѓаните“ потрошија околу 150 милиони евра овој месец за да му донесат три засилувања на Пеп Гвардиола во пресрет на новото Светско клупско првенство.

Едно од новите имиња е Рајан Шерки, кој пристигна од Лион во зделка вредна околу 40 милиони евра.

Французинот веднаш ги освои навивачите со својата изјава за лутиот градски ривал Манчестер јунајтед.

„Дојдов тука за да победувам на секој натпревар. Не ми се допадна кога Манчестер јунајтед го победи Лион (во Лига Европа), јас сум од дете навивач на Лион. Па сега едвај го чекам градското дерби за да ги убиеме!“ – вели Рајан Шерки.

Тој се „закачна“ со навивачите на Манчестер јунајтед уште кога Лион гостуваше на Олд Трафорд во април месец на реваншот во четвртфиналето во Лига Европа. Кога погоди за 2-3 во 104. минута од мечот, се сврте кон публиката и се фати за меѓуножјето.

Рајан Шерки пристигна на Етихад за да му даде поголем избор на Пеп Гвардиола по заминувањето на Кевин де Брујне.

„Јас не сум Кевин де Брујне, тој е легенда. Тука сум да му помогнам на тимот и да испишам сопствена историја. Се надева дека ќе можам да освојам се што може да се освои“.

„Пеп ми кажа дека ќе имам слобода на теренот, и тоа ми се допадна, бидејќи така можам да дадам најголем допринос.

ФОТО: X/Manchester City

Можно е и ова да ти се допаѓа

×