255
По вчерашните четири дуели, денеска на програмата на Светското првенство се три нови натпревари од првото коло, најатрактивниот тим кој ќе го видиме е Челси.
Сините од Стемфорд Бриџ ќе се сретнат со Лос Анџелес ФК во рамките на првото коло од групата Д.
Челси е голем фаворит во оваа група со оглед на тоа што покрај Лос Анџелес во неа се и Фламенго и Еспреансе Тунис.
Мечот на Челси со Лос Анџелес почнува од 21 часот.
На полноќ ќе има атрактивен дуел, ќе се сретнат Бока Јуниорс со Бенфика.
Денот ќе биде заокружен со дуелот кој ќе почне во три часот по полноќ меѓу Фламенго и Есперансе Тунис.
Фото: Fb/ChelseaFC