Перез го посети последниот тренинг на Реал, сите зборуваат за тоа што го направи со Модриќ (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Првиот човек на Реал, Флорентино Перез го посети последниот тренинг во Мадрид пред настапот на Светското клупско првенство, тој ги поздрави фудбалерите, а особено во очи паѓа потегот кој го направи со Лука Модриќ.

Лука Модриќ ги одработува последните месец дена во Реал, Хрватот потпиша краткорочен договор за да настапи на новото Светско клупско првенство.

„Кралевите“ вчера го одработиле последниот тренинг во Мадрид пред да летнат во САД, па беа посетени од Флорентино Перез.

Претседателот на Реал ги поздрави сите фудбалери, а сите зборуваат за тоа шго го направи со Лука Модриќ.

Флорентино Перез разговараше со новајлиите Хујсен и Александер Арнолд кога му пристапи Хрватот, во прв момент само му пружи рака без да го погледне, но потоа следуваше срдечна прегратка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×