264
39-годишниот босански напаѓач, Един Џеко повторно ќе заигра во Серија А, овојпат би требало да го облече дресот на Болоња.
Според италијанските медиуми, Џеко наскоро ќе стави потпис на договор со Болоња.
По две години поминати во Фенербахче, Џеко се враќа во Италија каде досега играше за Рома и Интер.
Овојпат босанскиот фудбалер ќе го носи дресот на Болоња која му нуди едногодишен договор со можност за продолжување на уште една сезона ако двете страни бидат задоволни од соработката.
Џеко би имал годишна плата од 1,5 милиони евра со дополнителни бонуси поврзани со бројот на настапи и постигнати голови.