70% од Португалците сакаат Роналдо да не биде стартер против Швајцарија

by
1 минути читање

Португалија во вторник ја пречекува Швајцарија во осминафиналето на мундијалот во Катар, а во анкета на весникот А Бола, навивачите го кренаа гласот против првата ѕвезда Кристијано Роналдо.

Дури 70% од Португалците сакаат Кристијано Роналдо да не биде стартер и мечот да го започне од клупата за резерви.

Фернандо Сантош има квалитетни опции во нападот како Рафаел Леао од Милан, Андре Силва од РБ Лајпциг и Гонсало Рамос од Бенфика, но тешко е за верување дека селектороот ќе го започне мечот без најдобриот португалски играч на сите времиња, и покрај тоа што статистиката е против него.

Кристијано Роналдо не игра на највисоко ниво во Катар, на трите натпревари од групната фаза постигна само еден гол и тоа од пенал, не забележа ниту една асистенција, имаше малку опасни нафрлени топки и малку успешни дриблинзи.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани