„Граѓаните“ играат во одлична форма, и испишаа нова историја во Премиерлигата со серија од 18 победи. На Манчестер Сити му се смешка титулата во Англија, но Пеп Гвардиола верува дека се уште има простор за подобрување.
Шпанецот смета дека одбраната, и тоа централниот дел, е најслаба алка од тимот па сака во зимскиот преоден рок да донесе засилување за оваа позиција.
Според пишувањата на Лекип, фудбалерот на Барселона, Самуел Умтити е една од желбите. Французинот веќе разговарал со преставници на Сити и му се допаднал проектот кој му бил презентиран.
Весникот исто така додава дека Пеп Гвардиола е во искушение и е особено привлечен од идејата да ја активира откупната клаузула на Самуел Умтити бидејќи 60 милиони евра не се многу.