Отогаш па досега Барселона 41 пат шутирала од слободен удар и не успеала да постигне ниту еден гол.
„Иако Барселона има многу одлични шутирачи, нема играч кој е специјалист за слободни удари, како што беше Меси. 11 фудбалери безуспешно се обиделе од слободен удар во овие две години, никој не успеал да даде гол“, пишува „Марка“ и вади податок дека последниот гол од слободен удар го дал Меси на 2 мај 2021 година во гостински триумф над Валенсија од 3-1.
Поминале 104 натпревари, без гол од слободен удар за Каталонците. Од слободен удар шутирале Рафиња (9 обиди), Депај (8), Левандовски (6), Феран Торес (4), Ансу Фати и Меси (3), Дембеле, Кутињо и Жорди Алба (2), Пике и Маркос Алонсо (1).
Меси за Барселона има дадено 50 голови од слободен удар. Шутирал 591 пат.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.