„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Тргнете со најдобриот состав на фудбалери за подолг рок

by
13 минути читање

Добредојдовте во првата анализа од едицијата „24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“ за новата натпреварувачка сезона во Фантази Премиерлигата, која лани броеше седум ипол милиони натпреварувачи ширум светот, од кои близу осум илјади беа токму од Македонија.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Во воведниот дел не можеме а да не споменеме дека бурни беа реакциите на натпреварувачите штом беше лансирана платформата за новата сезона, каде забележавме дека бројни натпреварувачи имаа критики за новите цени на фудбалерите, кои реално се во голема мера повисоки од лани, меѓутоа, од друга страна пак, некои во сево ова гледаат мошне поголема битка и конкуренција, што на крајот секако е позитивно и остава простор за максимално покажување на вештините на натпреварувачите.

Иако традиционално првиот меч се играше во сабота во терминот од 13,30 часот, сепак, доколку од Премиерлигата останат доследни на тоа што го објавија во однос на распоредот, на 12. септември со почеток од 17 часот ќе проследиме шест пресметки, за два дена подоцна да се одиграат две пресметки со почеток од 22,00 часот, две се одложени.

Барнли – Манчестер јунајтед, односно Манчестер Сити – Астон Вила се двете пресметки кои се одложени во првото коло, а причина за тоа е претходно договореното помеѓу клубовите, да сите имаат 30 денови одмор до првиот меч во новата сезона од Премиерлигата, а двата фаворита останаа нешто подолго во европските купови.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Мошне е рано да се шпекулира во однос на тоа кога би ги имале првите двојни натпревари, секако, тие ќе бидат мошне примамливи за сите натпреварувачи, особено ако се земе фактот што Манчестер јунајтед, односно Манчестер Сити ќе имаат противници по мерка, барем во еден од двата меча во едно коло, ако тргнеме од досегашните анализи, првично се верува дека двојно коло би можело да се случи да имаме во 3., 14., или 17., коло, исто така, се споменуваат и 18., односно 19. коло.

Едно е сигурно, натпреварувачите ќе мораат да составуваат тим за првото коло, но истовремено да имаат на ум и посебна анализа за предизвиците почнувајќи од второто коло, забележуваме дека на социјалните мрежи повеќе натпреварувачи најавуваат дека на стартото ќе го пикираат најдоброто за воведното коло, за веќе уште наредното да ја искористат вајлд-картата, што од наш агол не е баш паметна тактичка замисла, ако земете во предвид дека до полусезоната нема да имате можност за таа опција.

Нашата препорака е да се состави тим кој би можел да се носи максимално во првото коло, но во истиот на клупата за резерви да бидат и фудбалери кои би ги планирале за подоцнежните фази, убедени сме дека тоа е најдобрата тактичка варијанта бидејќи јасно е дека воведните кола секогаш се користат за анализа од тоа што сте очекувале, а што не се остварило, па дури по шест кола веќе да донесете финален заклучок за промена, односно користење на вајлд-картата.

Поаѓајќи од фактот што традиционално препорачуваме фудбалери кои играат нешто понапред од своите наведени позиции на Фантази Премиерлигата, практично имаме некои првични замисли за тоа како би било најдобро да ја стартувате сезоната, а да не претрпете многу штета во однос на бодовите.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Почнуваме сосема логично со голманската позиција, таму ќе препорачаме нискобуџетни голмани, со добар распоред пред себе во воведните кола од новата сезона од Премиерлигата, а прв на око ни паѓа чуварот на мрежата од голот на Њукасл, Мартин Дубравка (5), кој лани запиша најголем број одбрани (140), а во генералниот пласман кај голманите заврши на шестото место со заостанување од вкупно 27 бода зад Ник Поуп од Барнли, кој првото коло ќе го прескокне.

Распоредот на натпревари кој е на листата на Дубравка е едноставно импресивен, Словакот има само две речиси невозможни задачи да го сочува својот гол, и тоа во третото коло кај Тотнем, односно две кола подоцна на домашен терен против Манчестер јунајтед, од првото, па се до 14. коло Дубравка има и повеќе од одлични противници каде може да стори нешто повеќеВест Хем (Г), Брајтон (Д), Тотнем (Г), Барнли (Д), Манчестер јунајтед (Д).

Резервна опција за голманската позиција би било добро да ги имате Метју Рајан (4.5) од Брајтон, или Алекс МекКартни (4.5) од Саутемптон, за по потреба да се ротираат, со оглед на натпреварите.

Распоред на РајанЧелси (Д), Њукасл (Г), Манчестер јунајтед (Д), Евертон (Г), Кристал Палас (Г)

Распоред на МекКартниКристал Палас (Г), Тотнем (Д), Барнли (Г), ВБА (Д), Челси (Г)

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Се префрламе на дефанзивната линија, ланската сезона беше одлична тактичката замисла да се играат фудбалери кои играат нешто понапред во реалноста, а се наведени како дефанзивци, иста е нашата замисла и во средниот ред, но, кога сме веќе кај одбраната, имаме безброј дилеми, од кои првично, замислата е ангажман на нискобуџетни дефанзивци, со добар распоред, но и одлична позиција (среден ред во реалноста).

Моментално, двоецот од актуелниот бранител на титулата во Премиерлигата, Ливерпул, Трент Александер-Арнолд (7.5) и Вирџил ван Дајк (6.5) се фудбалерите кои имаат најголем број натпреварувачи зад себе, првиот 56.5%, вториот 22.7%, а во триото се наоѓа и Мет Доерти (6) од Вулверхемптон со 22.1%, Ирецот е одлична опција, ако се земе во предвид дека е мошне активен на десната крилна позиција, ланската сезона ја заврши на четвртото место во генералниот пласман на бодови кај дефанзивците веднаш зад триото Арнолд-Робертсон-Ван Дајк. Имајте во предвид дека по второто коло, ако го проследите распоредот, тешко е дека би оддолеале да не го селектирате Доерти.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Нашиот прв избор во одбраната е сепак Џорџ Балдок (5.5) од Шефилд Јунајтед, кој всушност настапува на десната крилна позиција во својот тим, ланската сезона прикажа одлични перформанси кои ги „зачини“ со два гола и три асистенции, со што запиша 142 бода, завршувајќи на седмото место кај дефанзивците генерално. Што се однесува до Балдок, тој е одлична опција за воведните пет кола, од кои само едно дерби е на програмата кај него:  Вулверхемптон (Д), Астон Вила (Г), Лидс (Д), Арсенал (Г), Фулам (Д).

Иако се шпекулира дека е на излезна врата од Тотнем, а дефинитивно првичната анализа од нашата страна за очекување е да претрпи одредени предомислувања до стартот на новата сезона, барем од таа гледна точка во однос на трансферите, сепак, Серж Орие (5.5) со оглед на распоредот на почеток, неговата активност во играта на тимот предводен од Жозе Мурињо е повеќе од доволна причина да го селектираме, всушност, Тотнем е една од неколкуте екипи со одличен распоред на почетокотЕвертон (Д), Саутемптон (Г), Њукасл (Д), Манчестер јунајтед (Г), Вест Хем (Д).

Младиот Џејмс Џастин (4.5) од Лестер е првата замена за Рикардо Переира, кој според најавите ќе отсуствува најмалку до почетокот на Октвомри, Џастин е одлично решение во однос нискобуџетните бекови, го препорачуваме бидејќи тактичката замисла е да се избегнат голман+дефанзивец од ист тим, а таков би бил случајот сега во случај да го наведеме одличниот Федерико Фернандез (5) од Њукасл, иако, имајте ја на ум и таа опција. Што се однесува пак до распоредот на Лестер, „Лисиците“ имаат две дерби пресметки до петтото коло, за потоа да следат дури осум меча со противници по мерка, со исклучок на Вулверхемптон и ЧелсиВест Хем (Г), Брајтон (Д), Тотнем (Г), Барнли (Д), Манчестер јунајтед (Д). Она што е сигурно за Џастин, е фактот дека ќе игра стандардно до четвртото коло, што е одлично за бек од составот на Лестер како избор во нашата селекција.

Со триото Балдок-Орие-Џастинго заокружуваме дефанзивниот ред, но, топло ви препорачуваме уште во второто коло да го вметнете бекот на Манчестер јунајтед, Арон Ван-Бисака (5.5). Распоредот на Манчестер јунајтед, екипа која ќе го прескокне првото коло е имресивен, меѓутоа имајте го во предвид и Натан Аке (5.5) од Манчестер Сити, новајлијата на „Граѓаните“ кој има супер-цена..

Во однос на клупата за резерви, одлични варијанти се Жарад Брентвајт (4) од Евертон, односно Натан Фергусон (4) кои се најавуваат како стартери за своите екипи во новата сезона, а верувајте, станува збор за големи потенцијали за кои допрва доаѓа нивното време во Премиерлигата, дополнително, нивниот распоред на почетокот е одличен.

Распоредот на БрентвајтТотнем (Г), ВБА (Д), Кристал Палас (Г), Брајтон (Д), Ливерпул (Д)

Распоредот на ФергусонСаутемптон (Д), Манчестер јунајтед (Г), Евертон (Д), Челси (Г), Брајтон (Д)

Во однос на дефанзивната линија, имајте во предвид една мошне интересна комбинација која ветува за подолг рок, Џон Иган (5) од Шефилд Јунајтед, како и Ерик Диер (5) од Тотнем, се одлично решение, стандардни стопери кои речиси да немаат конкуренција за своите позици, а имаат и одличен распоред, дополнително, со тоа би ја оствариле нашата замисла за уште во второто коло да го вметнете Ван-Бисака (5.5), од причина што составот кој го препорачуваме изнесува точно 100, а со Иган и Диер заштедувате доволно за веќе во второто коло Ван-Бисака да го вметнете на местото на Џастин. Втората комбинација е да тргнете со погоре наведениот избор, да заштедите трансфер во второто коло, за веќе во третото со добро скенирана ситуација од воведните две кола да направите одредени промени со два трансфери.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Како што наведовме и во воведниот дел, поради отсуството на Манчестер Сити и Манчестер јунајтед во првото коло, се појави идеја кај многу натпреварувачи за да се искористи вајлд-картата уште во второто коло, а претходно да се настапи со максимално најдобриот избор, сепак, ние би препорачале да го избегнете тоа сценарио каде ќе морате со тој избор да се задоволите до полусезоната, периодот е долг, би советувале за трпение по ова прашање за добро да се „скенира“ ситуацијата.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Со оглед на таа замисла, во однос на средниот ред ќе започнеме со првата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах (12), кој во првото коло на домашен терен ќе го има Лидс на нашиот Езгјан Алиоски за противник, а сосема е логично тоа што „Редсите“ се апсолутни фаворити за оваа пресметка. Ливерпул во воведните пет кола има едно големо дерби, и тоа на гости кај мошне амбициозниот сезонава, ЧелсиЛидс (Д), Челси (Г), Арсенал (Д), Астон Вила (Г), Евертон (Г)

Египјанецот инаку ланската сезона ја одбележа со 19 погодоци, како и 10 асистенции.

Многумина се согласни во тоа дека речиси е невозможно да не го селектирате Кевин Де Брујне (11.5) од Манчестер Сити, играчот на сезоната во Премиерлигата за ланската сезона, кој за жал нема да имаме можност да очекуваме бодови од него во првото коло, меѓутоа препорачуваме да тргнете со него, еве го неговиот распоредАстон Вила (Д, откажана), Вулверхемптон (Г), Лестер (Д), Лидс (Г), Арсенал (Д). Сосема логично, а воедно и очекувано, цената на Белгиецот во однос на лани (10.5) порасна. Нешто повеќе од статистиката на Де Брујне од ланската сезона, Белгиецот креирал неверојатна бројка од 104 шанси во отворена игра во Премиерлигата, најмногу што било кој фудбалер од европските топ пет првенства откако се креира овој статистички податок од 2006. година па наваму. Де Брујне ланската сезона постигна 13 погодоци, односно неверојатна бројка од 23 асистенции.

Новата аквизиција во Арсенал, Вилијан (8) речиси на свој грб го однесе Челси ланската сезона до топ четири во Премиерлигата, меѓутоа несогласувањата околу времетраењето на новиот договор го преселија во редовите на „Топчиите“, кои му понудија на Бразилецот токму она што тој го посакува, тригодишен договор, а со оглед на неговата експлозивност во офанзивниот дел од играта, очекуваме брзо да блесне во друштво на Пјер-Емерик Обамејанг, кој сигурно ќе има одличен соиграч зад себе во нападот кој би можел вешто да асистира, но и да погоди на следните пресметки во воведните колаФулам (Г), Вест Хем (Д), Ливерпул (Г), Шефилд Јунајтед (Д), Манчестер Сити (Г). Бразилецот ланската сезона во дресот на Челси запиша 9 гола, и исто толку асистенции.

Трите почетни натпревари за Тотнем ветуваат многу во очекувањата од Сон (9), Кореецот е мошне добар во офанзивната игра на тимот на Жозе Мурињо, лани запиша неверојатен скор од 11 погодоци, односно 10 асистенции, имајте во предвид дека офанзивецот би можеле стандардно да го користите без да го менувате до осмото коло, по што следат две големи дерби пресметки против Манчестер Сити, односно Челси, во првите пет кола го има Манчестер јунајтедЕвертон (Д), Саутемптон (Г), Њукасл (Д), Манчестер јунајтед (Г), Вест Хем (Д). Инаку Сон веќе тргна со два гола во првиот контролен тест за Тотнем кој заврши со победа од 3-0, на кој Хари Кејн отсуствуваше, а две асистенции запиша Деле Али.

Не можеме а да не го забележите импресивниот распоред на Њукасл, за што наведовме нешто погоре, па не е воопшто чуден фактот што неверојатно брзиот и одличен дриблер, Алан Сент-Максимин (5) е осмиот најселектиран фудбалер до моментов на Фантази Премиерлигата, а еве ги неговиот распоредВест Хем (Г), Брајтон (Д), Тотнем (Г), Барнли (Д), Манчестер јунајтед (Д). Три погодоци и пет асистенции (од кои три во еден меч) беше учинокот на офанзивецот ланската сезона.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Иако под голема дилема за Рахем Стерлинг (11.5), сепак на крајот, барем засега се решивме за неговиот соиграч од Манчестер Сити, Кевин Де Брујне. Секако, останува дилемата дали со Бруно Фернандеш (10.5) кој во новата сезона тргна со значително поголема цена, меѓутоа, со оглед на фактот што подоле го препорачуваме стандардниот напаѓач на Манчестер јунајтед, веројатно би било добро да размислите на оваа тема, дали би било паметен потег двајца офанзивци од еден ист тим при толку голем избор пред себе.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Не е чуден фактот што до овие моменти напаѓачот на Фулам, Александар Митровиќ (6) е втор по најселектираните напаѓачи во однос на таа позиција, сезоната 2018/19 во Премиерлигата ја заокружи со 11 погодоци, а ланската беше прв стрелец во Чемпионшип дивизијата со 26 погодоци, Србинот и својот тим воедно имаат и солиден распоред во воведниот дел од новата сезона, каде до десеттото коло немаат дуел со големата шесторкаАрсенал (Д), Лидс (Г), Астон Вила (Д), Вулверхемптон (Г), Шефилд Јунајтед (Г).

Фудбалерот кој од големите критики изникна во еден од најдобрите напаѓачи во Премиерлигата, а во Манчестер јунајтед сега веруваат повеќе од било кога во него, Ентони Марсијал (9) сосема логично доби поголема цена по ланската сезона која ја круниса во фантастична бројка од 17 погодоци, а запиша и 9 асистенции, веќе стандардната деветка на „Црвените ѓаволи“ на своето мени на почетокот ги има следните противнициБарнли (Г, одложена), Кристал Палас (Д), Брајтон (Г), Тотнем (Д), Њукасл (Г). Ќе додадеме дека до големото дерби против Манчестер Сити (12. коло), Манчестер јунајтед и Марсијал имаат одличен распоред кој ветува многу од францускиот напаѓач.

Лани постигна 9 погодоци, а дополнително запиша и уште 3 асистенции, со што стана прв избор кај Рој Хоџсон за нападот на Кристал Палас, така речиси и да немаме дилема дека доколку посакувате сигурен, стабилен и стандарден напаѓач од нискобуџетните, првиот избор би требало да падне токму на Џордан Аје (6)Саутемптон (Д), Манчестер јунајтед (Г), Евертон (Д), Челси (Г), Брајтон (Д). Понатаму следи многу подобар распоред за Аје и Кристал Палас дури до 13. коло, по што следи дуелот со Ливерпул на домашен терен.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe


Предлог состав:

ГолманиДубравка (5), Рајан (4.5) / МекКартни (4.5)

Дефанзивен редБалдок (5.5), Орие (5.5), Џастин (4.5), Брентвајт (4), Фергусон (4)

Среден редСалах (12), Де Брујне (11.5), Вилијан (8), Сон (9)Сент-Максимин (5.5)

НападМарсијал (9), Митровиќ (6), Аје (6)

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe


>>> Во следната анализа ќе читатеНискобуџетни фудбалери кои ветуваат многу во новата сезона

Можно е и ова да ти се допаѓа

×