Добредојдовте во
најновата анализа од едицијата „24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“ како помошна алатка за
сите наши натпреварувачи во мега популарната Фантази Премиерлига, со победата
на Ливерпул синоќа во дербито кај Тотнем, заврши 20 рунда натпревари, а утре со
почеток од 13,30 часот, со пресметката помеѓу Евертон и Њукасл стартуваат и
возбудувањата во новата рунда натпревари.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Најнапред ќе
направиме еден рекапитулар за тоа што се случуваше претходното коло, а фактот
што фудбалерите кои ја добила улогата за капитентската лента, барем
мнозинството, потфрлија, па така нашата анализа донесе 35 освоени бода во коло
каде просекот изнесуваше 42.
Претходната
анализа: Фернандеш прв пик за капитентската лента
Првата ѕвезда на
Манчестер јунајтед, како и вистински мотор на теренот за таа екипа, Бруно
Фернандеш освои само два бода од дуелот со Шефилд Јунајтед на домашен терен,
кој фаворитот го загуби. Инаку, Португалецот постави и рекорд на Фантази
Премиерлигата со оглед на огромната бројка натпреварувачи кои решија да му ја
доверат капитентската лента.
Хари Кејн се
повреди во поразот на Тотнем од Ливерпул на домашен терен, а напаѓачот е неизвесен
и за гостувањето кај Брајтон претстојното ново коло, инаку против „Редсите“,
тој освои само еден бод.
На третото место
на доверба кај натпреварувачите во однос на капитентската лента се најдде
Мохамед Салах, па иако Ливерпул славеше со 1-3, Египјанецот освои само два
бода, без никаков придонес во погодоците.
Сон, не делуваше
моќно на теренот во дербито, па мечот го заврши со два бода, а тоа што е
интересно, е фактот што во најдобрата петорка се најде дури и Кевин Де Брујне, кој
иако повреден, близу 300 илјади натпреварувачи му ја укажаа таа доверба,
меѓутоа тој не беше дел од победата на Манчестер Сити кај ВБА со 0-5.
Кресвел го препорачавме
во претходното коло, а бекот на Вест Хем иако неговиот тим прими два гола во
сопствената мрежа, гостинската победа кај Кристал Палас ја заокружи со
асистенција и вкупно пет бода, вклучително и бод бонус за придонесот во играта.
Од останатите ќе
го придодадеме и сигурниот Диаш кој освои клин-шит во мечот за Манчестер Сити,
а тука е секако и напаѓачот на Астон Вила, Оли Воткинс кој погоди против
Барнли, продолжувајќи со својата одлична форма, разочарувањето сепак е Вернер
кој не доби прилика за настап од својот нов тренер во Челси, Томас Тухел.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Во пресрет на
самата селекција на фудбалери, за кратко се селиме и кај трансферите, за да ја
проследиме актуелната ситуација во тој дел, а бележиме доста интересни одлуки
кај натпреварувачите кои се чини дека немаат време за губење.
Прв на листата на
најкупувани фудбалери е Гундоган од Манчестер Сити, кој верувале или не,
постигна седум погодоци во последните осум меча за „Граѓаните“, а по него следи
напаѓачот на Евертон, Калверт-Луин, кој и покрај очајната форма, веројатно
поради дуелот со Њукасл на домашен терен се најде на оваа листа.
Водечката тројка
ја заокружуваат Кансело од Манчестер Сити, како и неговиот соиграч Стоунс, но
место на оваа листа има и а Воткинс од Астон Вила.

Што се однесува
пак до листата на најпродаваните фудбалери во пресрет на ова коло, прв е Кејн,
интересно е тоа што напаѓачот на Тотнем дури синоќа се повреди, па
натпреварувачите буквално со брзина на светлината (над половина милион) се
ослободија од него. По Кејн, следи Бамфорд од Лидс, кој по неверојатниот старт
во новата сезона, бележи долг период без постигнат гол, а водечката тројка на
оваа листа ја заокружува и повредениот Варди од Лестер кој би требало да се
врати идната седмица, барем такви се најавите.
Место на листата
на најпродавани има и за Де Брујне од Манчестер Сити, кој е повреден и ќе
отсуствува извесен период, како и Зума од Челси кој не запиша настап на
последните три меча, а сезонава инаку постигна четири погодоци, што за стопер е
фантастична бројка.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Започнуваме со
селекцијата на фудбалерите за 21 коло, сосема нормално, голманската позиција е
на самиот старт, а тука довербата ќе му ја укажеме на чуварот на мрежата од
голот на Манчестер Сити, Едерсон (6) кој пред себе на домашен терен за
противник викендов ќе го има Шефилд Јунајтед кој приреди изненадување во
последниот меч, совладувајќи го Манчестер јунајтед на негов терен.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Едерсон посакуваме
да го сврземе со неговиот соиграч Џон Стоунс (5.2) во битката за максимален
учинок во очекуваната победа на „Граѓаните“ и продолжување на серијата
натпревари без примен гол, доколку се остварат тие очекувања, тоа би било пети
меч во серија.
Иако стравуваме
од одредени поместувања од тактичка природа во Челси, со оглед на фактот што
новиот тренер на таа екипа, Тухел уште во првиот меч приреди големи
изненадувања во почетниот состав, сепак, ќе му укажеме предност на Бен Чилвел (6.1)
за дуелот на домашен терен против Барнли.
Лука Дињ (6) се
врати во целост подготвен на терените за Евертон, а уште во првиот меч
претходно запиша асистенција, меѓутоа во мечот против Лестер немаше некоја
забележителна улога, како и да е, Французинот сигурно ќе има голем простор за
докажување против Њукасл кој не може да се пофали со добра форма изминатиов
период.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Манчестер Сити
фати залет, па прашањето е дали ќе успее некој да го сопре тимот на Пеп кој има
максимален учинок од седум победи во низа, а со оглед на фактот што „Граѓаните“
пред себе за протнивик на свој терен ќе го имаат последниот на табелата Шефилд
Јунајтед, во отсуство на Де Брујне, ќе му ја укажеме довербата на Рахим
Стерлинг (11.5), кој против ВБА на гости запиша гол и асистенција.
Помалку е
дискутабилно кој може Сон (9.8) без својот најдобар партнер во нападот на
Тотнем, Кејн, кој поради повреда ќе отсуствува на гостувањето кај Брајтон
викендов, меѓутоа Кореанецот сигурно ќе биде „таргет“ за додавање на своите
соиграчи, а сигурно ќе го видиме и како централен напаѓач на тоа гостување што
отвора можност за погодоци од него.
Џејмс Медисон (7.2)
е од огромно значење во играта на Лестер сезонава, несомнено е дека тој ќе бара
место во националниот тим со добрите игри новава сезона во Премиерлигата, а
досега успеа да постигне шест погодоци, од кои дури три во последните четири
меча, неговата серија би можела да продолжи против Лидс на домашен терен,
противник кој знае во голема мера да остави простор за противниците, а Медисон
знае да го искористи тој „подарок“.
Нема дилеми во
тоа дека Кристал Палас е во целост немоќен во отсуство на првата ѕвезда во
својот тим, Вилфред Заха (7.2), кој пред себе има два противника по мерка во
наредните две кола, најпрво на домашен терен против Вулверхемптон, а потоа кај
Њукасл на гости.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Тимо Вернер (9.2)
не доби ниту една минута за докажување на теренот од својот нов тренер во
Челси, Тухел, во мечот на домашен терен против Вулверхемптон, меѓутоа и повеќе
од сигурно е дека германскиот напаѓач против Барнли на домашен терен ќе добие
шанса од својот сонародник кој јасно наведе дека селекцијата на самото деби не
била фер и коректна за одредени фудбалери, бидејќи сакал да настапи првично со
тој состав, што нам ни укажува можност дека овој пат ќе биде целосно поинаку,
со Вернер во почетните 11.
Александре
Лаказет (8.3) игра во одлична форма, откако напаѓачот на Арсенал постигна пет
погодоци во последните шест натпревари, па сигурно ќе биде прва опасност кон
голот на Манчестер јунајтед во дербито на колото.
Напаѓачот на
Астон Вила, Оли Воткинс (6.2) на гостувањето кај Саутемптон да ја продолжи
низата од постигнати погодоци на двата последни меча, а досега запиша осум
погодоци, на кои придодаде и четири асистенции сезонава.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Предлог-состав:
Едерсон (6); Стоунс (5.2), Чилвел (6.1),
Дињ (6); Стерлинг (11.5), Сон
(9.8), Медисон (7.2), Заха (7.2); Вернер (9.2), Лаказет (8.3), Воткинс (6.2)
Капитен: Стерлинг
Заменик-капитен:
Вернер
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Традиционално, во
завршниот дел од анализата ќе се осврнеме накратко и на случувањата во
генералниот пласман на сите натпреварувачи од нашата земја, како и лигата на „24фудбал“.
Во лигата на
Македонија на првото место на табелата се наоѓа Александар Чангов со досега
освоени 1378 бода, имате можност да го проследите неговиот избор од претходното
коло.


Што се однесува
пак до актуелната ситуација на табелата во лигата на „24фудбал“, таму на првото
место се наоѓа Александар Димовски со досега освоени 1324 бода, имате можност
да го проследите и неговиот избор од претходното коло.


Среќно до сите
натпреварувачи во новото коло, не заборавајте да се приклучите во лигата на „24фудбал“,
кодот е следен: unckad