Добредојдовте во
најновата анализа од едицијата на „24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“ како помошна алатка
за сите наши натпреварувачи во Фантази Премиерлигата, пред нас се натпреварите
во рамките на 24 коло, а поради двата меча во истото, сигурно фудбалерите на
Манчестер Сити ќе бидат најпривлечни за повеќето натпреварувачи.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Традиционално, во
пресрет на селекцијата на фудбалери ќе се осврнеме на случувањата од
претходното коло, во кое очекувавме дотолку сигурна победа на Манчестер Сити
кај Ливерпул, што дури и го препорачавме двоецот во одбраната на „Граѓаните“,
Диаш – Стоунс, меѓутоа до клин-шит за составот на Пеп Гвардиола не дојде.
Претходната
анализа: Манчестер Сити во незгоден момент за Ливерпул, вистински тестза Диаш и Стоунс
Сумирано од
настапите на фудбалерите кои ги препорачавме, анализата донесе солидни 63 бода
во коло каде просекот изнесуваше 58 бода, а одлично е кога капитенот ќе
придонесе во бодовите, во овој случај Фернандеш постигна гол со кој заокружи
бројка од 14 бодови, можеше и повеќе, но, да не заборавиме дека неколку кола по
ред капитените се најголемото разочарување кај мнозинството натпреварувачи, па
ќе се задоволиме и со тоа.
Како што погоре
наведовме, освен стоперскиот тандем Диаш-Стоунс, го наведовме и голманот
Едерсон, меѓутоа Ливерпул и покрај фактот што претрпе голем пораз на свој терен
од ривалот Манчестер Сити (1-4), сепак со голот на Салах од пенал не дозволи
гостите да си заминат без примен гол во сопствената мрежа.
Од останатиот
избор, бекот на Вест Хем, Кресвел ги заслужува сите пофалби и честитки оваа
сезона, па не е за чудо што е најдобар „поентер“ во однос на бодовите во
генералниот пласман кај дефанзивците, а иако мечот кај Фулам заврши без
погодоци, тој беше прогласен за играч на мечот и заокружи максимални 9 бода.
Дуелот со ВБА
беше сега или никогаш за Сон, па Кореецот освои 10 бода, а повторно бодови
донесе неверојатниот Рафиња од Лидс кој брзо се адаптираше во Премиерлигата, па
со тоа што запиша асистенција дојде до 6 бода, меѓутоа и повеќе од веројатно е
дека потегот на колото е Вернер од Челси кому адаптацијата во Премиерлигата не
му беше воопшто лесна, но Германецот запиша две асистенции и влезе во тимот на
колото, а мошне тешко е да му го „погодите“ денот на офанзивецот во една ваква сезона
за него.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Пред да се
префрлиме на селектирањето фудбалери, накратко ќе ја пренесеме и сликата за
актуелната ситуација со трансферите, а со оглед на фактот што постојат големи
неизвесности со главните играчи кои претежно доминираат во тимовите на
натпреварувачите, не е воопшто чудна сликата која ја проследивме.
Најкупуван за ова
коло е Гундоган од Манчестер Сити кој игра во животна форма, по него следи
Калверт-Луин од Евертон кој ќе биде на располагање на Анчелоти за вториот меч
ова коло, поточно за пресметката со „Граѓаните“, а водечкото трио на оваа листа
го заокружува напаѓачот на Тотнем, Кејн.
На листата на
петте најкупувани фудбалери место има и за уште неверојатниот Воткинс од Астон
Вила, односно Фоден од Манчестер Сити, кој секако е интересен поради тоа што на
„Граѓаните“ им претстојат два меча во едно коло.

Што се однесува
пак до листата на најпродавани фудбалери за ова коло, на првото место е
напаѓачот на Њукасл, Вилсон кој ќе отсуствува поради повреда.
На оваа листа, сосема логично, високо котира и Џастин од Лестер, едно навистина големо
разочарување за љубителите на островскиот фудбал бидејќи младиот бек беше
неверојатно добар досега и на перфектен начин го замени Переира кој долго
отсуствуваше поради повреда.
На оваа листа се
најдоа уште и Сучек и Антонио од Вест Хем кој е неизвесен поради повреда, иако големи
се очекувањата да настапи против Шефилд Јунајтед, но и Калверт-Луин од Евертон
кој извесно е дека ќе го пропушти првиот меч против Фулам на домашен терен, но
ќе биде на располагање против Манчестер Сити.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Започнуваме со
селекцијата на фудбалери, а истата ќе ја почнеме со голманот на Манчестер Сити,
за кого постои голема веројатност да биде прв изведувач на пеналите во периодот
кој претстои, за што навести и Пеп Гвардиола. Едерсон Мораеш (6.1) иако е еден
од голманите со послаб учинок во поглед на одбраните, тоа секако е така поради
фактот што противниците тешко доаѓаат до чиста прилика за гол против „Граѓаните“,
а ова коло против Тотнем и Евертон, Бразилецот веројатно ќе има и можност за да
покаже дека умее со одбраните, а ние секако ќе се надеваме да го видиме и во
ситуација да бие од белата точка.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Во дефанзивната линија
ќе го селектираме неверојатниот Арон Кресвел (5.7), бекот на Вест Хем кој се’
почесто го гледаме на противничката
половина, а воедно станува збор за најдобар дефанзивец по бројот на освоени
бодови сезонава, тоа не е воопшто изненадување ако се земе во предвид дека има
најмногу асистенции, поточно осум, а вкупно досега освои фантастични 14 бонус
поени, што е одлична увертира за мечот со Шефилд Јунајтед на домашен терен.
Арон Ван-Бисака (5.6)
со Манчестер јунајтед гостуваат кај ВБА, секако дека големи се очекувањата од
гостинот на оваа пресметка на која е апсолутен фаворит, а дополнително, за „Црвените
ѓаволи“ е познато дека се исклучително подобри на гостувањата, а бекот е во
одлична форма која може да ја продолжи и ова коло.
Џон Стоунс (5.2)
има два меча ова коло со Манчестер Сити, претходното коло беше прекината
серијата клин-шит од цели шест меча во низа, меѓутоа станува збор за Ливерпул
кој и покрај фактот што загуби убедливо на свој терен (1-4), сепак преку Салах
од пенал го расипа учинокот на „Граѓаните“, кои за очекување е барем на еден од
претстојните два меча да ја сочуваат сопствената мрежа.
Барнли има два
противника по мерка ова коло, а тоа е убава можност да направите разлика со
фудбалер од типот на Метју Лоутон (4.5), кој го има во само 2,6 % од тимовите на
натпреварувачите на Фантази. Барнли најпрво гостува кај Кристал Палас, кој се
соочува со големи проблеми со неиграњето на првата ѕвезда Заха, а сите знаеме
колку се немоќни без него, за потоа да следи и дуел на домашен терен против
Фулам. Доколку сумираме, сигурно очекувањата се Барнли да запише два меча без
примен гол, но, секако за тоа гаранции нема.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Се префрламе на
средниот ред, а таму ќе започнеме со Рахим Стерлинг (11.6) од Манчестер Сити,
тој сигурно ќе биде прва опасност кон голот на Тотнем и Евертон ова коло, па со
оглед на тоа што му претстојат два меча на офанзивецот, логично е очекувањата
од него да се големи за ова коло, а воедно и да дојде до три гола во низа.
Велат, тешко без
Бруно Фернандеш (11.5), моторот на Манчестер јунајтед кој е вистински лидер на
составот од „Олд Трафорд“ кој е апсолутен фаворит на гостувањето кај ВБА, а
според нас, Португалецот е најидеално решение за капитентската лента ова коло,
иако двата меча за Стерлинг носат голема дилема.
Гилфи Сигурдсон (6.8)
доби прилика од Карло Анчелоти и ја искористи максимално, во тоа нема дилеми.
Исланѓанецот за очекување е да биде стартер на барем една од двете пресметки
против Фулам и Манчестер Сити на домашен терен, а особено на првиот меч ние ќе
очекуваме одреден учинок од него по фантастичните перформанси во ФА купот во
победата од 5-4 над Тотнем каде реализираше три асистенции и еден погодок.
Вест Хем игра
фантастично оваа сезона под водство на Дејвид Мојс, кој си го пронајде новиот
Маруан Фелаини во Томаш Соучек (5.4), сигурно најголемото откритие сезонава во
Премиерлигата, откако Чехот досега успеа да постигне осум погодоци, а има и
една асистенција, што е одлична увертира за дуелот на домашен терен со Шефилд
Јунајтед. За ова коло во анализата го препорачуваме Кресвел (најдобриот асистент), па еве и најдобриот во прекините, Соучек, кој мошне умешно знае да се снајде во тие ситуации кога Кресвел изведува одреден прекин, според нас, овој двоец е добитна комбинација за ова коло.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Убаво е да се
најави нешто што е многу тешко за очекување, таков е случајот со Тимо Вернер (9.2),
напаѓачот на Челси кој мака мачи како што е можно побрзо да се адаптира во
Премиерлигата. Претходното коло најавивме подобри денови за германскиот
офанзивец, со оглед на фактот дека има огромно подобрување во неговата игра, а
дел од англиските медиуми неговиот настап против Шефилд Јунајтед го оценија
како негов најдобар досега во Премиерлигата, инаку асистираше во двата погодоци
на Челси во победата од 1-2, а заокружи бројка од одлични 10 бода, нека биде
така и против Њукасл на домашен терен. Иако е под знак прашалник за настап,
самиот Томас Тухел навести дека ќе биде на располагање на мечот во понеделник.
Многумина се
сомневаа во него, меѓутоа докажа дека местото му е во Премиерлигата, па така
Оли Воткинс (6.4) се покажа како одлично засилување за Астон Вила сезонава со
постигнати десет погодоци досега, но уште и четири асистенции. Астон Вила
гостува кај Брајтон, па тоа е можност за Воткинс да погоди во трет меч во низа,
инаку запиша четири погодоци на последните пет меча.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Предлог-состав: Едерсон (6.1); Кресвел (5.7), Ван Бисака (5.6), Стоунс (5.2),
Лоутон (4.5); Стерлинг (11.6),
Фернандеш (11.5), Сигурдсон (6.8), Соучек (5.4); Вернер (9.2),
Воткинс (6.4)
Капитен: Фернандеш
Заменик-капитен:
Стерлинг
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Во последниот дел
од анализата ќе се осврнеме и на актуелната ситуација на табелите во
генералниот пласман на Македонија, како и моменталната ситуација на табелата во
лигата на „24фудбал“.
На табелата во генералниот
пласман на Македонија лидер е Александар Чангов со досега освоени 1592 бода,
имате можност да го проследите неговиот избор од претходното коло.


Што се однесува
пак до лигата на „24фудбал“, таму на првото место е Александар Димовски со
досега освоени 1533 бода, имате можност да го проследите и неговиот избор од
претходното коло.


Среќно до сите
натпреварувачи и ова коло, не заборавајте да се приклучите во лигата на „24фудбал“,
кодот е следен: unckad