Добредојдовте во
најновата анализа од едицијата „24фудбал фантази скаут“ како помошна алатка за
натпреварувачите од Македонија на мега популарната Фантази Премиерлига која
брои над десет илјади натпреварувачи од нашата земја.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Пред нас се
возбудувањата од 12 коло во Премиерлигата, а како што е вообичаено, најпрво ќе
направиме еден краток рекапитулар на настаните од претходното коло, каде можеме
да заклучиме дека генерално помина онака како што се очекуваше.
Од изборот кој го
препорачавме, истиот донесе 85 освоени бода, а селекцијата беше одлична ако се
земе во предвид дека просекот на освоени бодови во 11 коло изнесуваше 62.
Претходната
анализа: Играта на Велбек ветува драгоцени бодови за посакуваната разлика
Велат ако го
погодите капитенот, тогаш колото и повеќе од сигурно е дека ќе ви донесе бодови
над генералниот просек во таа рунда натпревари, па тоа уште еднаш се покажа како
точна констатација откако Де Брујне запиша гол и асистенција во победата на
Манчестер Сити над Фулам на свој терен со 2-0, практично Белгиецот беше творец
на победата на „Граѓаните“, а вкупно со капитентската лента на себе донесе
одлични 28 бода.
Понатаму, во
изборот го наведовме и Салах, кој во победата од 4-0 на Ливерпул против
Вулверхемптон исто запиша гол и асистенција и освои вкупно 14 бода, а повторно
маестрална партија забележа Сон во победата од 2-0 на Тотнем над Арсенал, со
гол и асистенција заокружи бројка од 13 бода.
На Фернандеш му
беше потребно само едно полувреме за со само една асистенција да освои шест
бода (со два бода бонус), што доволно говори колку Португалецот е важно да го
имате во своите тимови, а тој во само едно полувреме во целост ја сврте играта
против Вест Хем во полза на Манчестер јунајтед кој на крајот направи пресврт и
дојде до победа од 1-3, иако во првиот дел делуваше очајно на теренот.
Варди конечно
покажа што знае и умее, иако играта на Лестер делуваше навистина очајна на
гостувањето кај индиспонираниот сезонава Шефилд Јунајтед, капитенот на „Лисиците“
во самата завршница погоди за 1-2 и дојде до 8 бода.
Сепак, клучното
во анализата го гледаме во Велбек, колку и да беше изненадување тоа што го
препорачавме во самиот наслов, на крајот тој докажа дека се враќа во својата
препознатлива форма, а речиси сигурно е дека му „лежи“ играта на Брајтон.
Ќе се вратиме три
кола наназад кога почна враќањето на Велбек, најнапред погоди на гости во
победата кај Астон Вила со 1-2, а доби 9 бода од одличните перформанси, за
потоа да изнуди пенал за реми против Ливерпул од 1-1, а во поразот од
Саутемптон тој беше асистент за водечкиот гол на Брајтон, па освои скромни, но
мошне значајни пет бода од тој настап, мошне значајни најмногу од фактот што
овој напаѓач се наоѓа во само 0,9% кај тимовите на неколкуте милиони
натпреварувачи на Фантази.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Во последниот дел
пред самата селекција на фудбалери за 12 коло, традиционално ќе направиме и
еден краток осврт во однос на актуелната ситуација со трансферите, а таму уште
на прв поглед нема да налетате на некое изненадување.
Гостувањето кај
еден од најголемите кандидати за враќање во понизок ранг сезонава, Фулам, му даде
прво место барем засега на Салах во пресрет на 12 коло, а веројатно е дека ќе
биде и главен кандидат за капитентската лента кај мнозинството натпреварувачи.
На второто место
на најкупувани играчи во пресрет на новото коло е неверојатниот Грилиш кој со
Астон Вила гостува кај Вулверхемптон, а водечката тројка ја комплетира Бамфорд
од Лидс кој на домашен терен игра против Вест Хем утревечер. Понатаму следат
Заха од Кристал Палас, односно Ворд-Праус од Саутемптон, и генерално ќе
заклучиме дека сиве овие трансфери се и повеќе од очекувани.

Што се однесува
пак до листата на најпродавани фудбалери, таму на првото место е Зијеш од Челси
за кого Лампард веќе повтрди дека ќе отсуствува околу две седмици, а следи
Родригез од Евертон кој поради последните очајни изданија веројатно разочара
голем дел од натпреварувачите, за водечката тројка на оваа листа да ја заокружи
Жота од Ливерпул, веројатно поради враќањето на Салах во својата препознатлива
форма. На оваа листа се најдоа уште и Калверт-Луин од Евертон, односно Вернер
од Челси.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Доколку ја
проследите програмата на натпревари предвидени за 12 коло, а посакувате голман
на кого ќе ја доверите улогата за исчекување на клин-шит, односно меч без
примен гол, па зошто да не и повеќе од тоа, тука прв ќе ви падне на око Алекс
МекКартни (4.5) кој брани во извонредна форма во дресот на Саутемптон, кој
викендов на домашен терен го пречекува ВБА, екипа која на 11 средби досега
успеа да запише седум погодоци, а не успеа да погоди на ниту еден од последните
три меча.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Доколку Арсенал
посакува да се рехабилитира од очајните изданија тоа избраниците на Микел
Артета едноставно мораат да го сторат против Барнли на домашен терен, а сигурно
дека Ектор Бељерин (5.2) кој инаку во реалноста игра во средниот ред како десно
крило може да придонесе за тие обиди на „Топчиите“ кои немаат победа цели седум
кола, а викендов играат против екипа која досега постигна само пет погодоци,
што веројатно нам ни дава со право да очекуваме најмалку клин-шит за шпанскиот
бек кој поради офанзивните задачи во играта на својот тим често добива и
бонус-поени на своето конто.
Воопшто не
изненадува фактот што дури тројца членови од одбраната на Челси ја предводат
водечката тројка во поглед на освоените бодови досега кај дефанзивците, а
третиот на таа листа, Рис Џејмс (5.3) би можел да продолжи со својата одлична
форма на гостувањето кај Евертон кој по одличниот старт во новата сезона бележи
очајни изданија.
Со исклучително
скромна цена, нашиот Езгјан Алиоски (4.4) со својот Лидс на домашен терен
утревечер го пречекува Вест Хем со што ќе се означи и самиот стартот на 12 коло
во Премиерлигата. Македонецот веќе влезе во својот препознатлив ритам а Биелса
го наградува неговиот допринос по одличните перформанси. Реално, не очекуваме
Лидс да ја зачува мрежата против „Чеканите“ чие искуство може да пресуди,
меѓутоа фактот што популарниот „Џани“ често го гледаме во завршните напади на
Лидс ни дава со право да се надеваме на асистенција, а зошто да не и дебитантски
гол од страна на Македонецот во Премиерлигата. Дека Алиоски е навистина добра опција за ова коло, доволно има и во коментарите на неколку експерти на познатиот сајт „ФантазиФудбал Скаут“.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Сосема нормално,
прв пик треба да биде Мохамед Салах (12.3) кој со Ливерпул викендов гостува кај
Фулам, екипа која сигурно и претстои грчевита битка до крајот на сезоната за
опстанок во елитното друштво, а Египјанецот доколку е расположен за игра, би
можел да му пресуди во голема мера на аутсајдерот.
Играта на Тотнем
претходното коло против големиот градски ривал Арсенал не ветуваше на лик,
меѓутоа тактичките замисли на Мурињо беа во преден план, а Португалецот
повторно на умешен начин дојде до победа, во која креатор освен Кејн беше и Сон (9.6) кој како и својот партнер во нападот запиша гол и асистенција, а за очекување е
да биде прва опасност кон голот на Кристал Палас викендов на гостински терен.
И повеќе од
веројатно е дека Астон Вила си има мака за да дојде до бодови во натпреварите
на домашен терен, што не е правило и за гостувањата, па така ќе го земеме во
предвид Џек Грилиш (7.7) кој може повторно да блесне, овој пат на гостувањето
кај Вулверхемптон кој по повредата на првата ѕвезда во тимот Раул Хименез може
да „настрада“ на овој меч.
Џејмс Ворд-Праус
(6.2) е во помалку од 15% од тимовите кај натпреварувачите, а тие сигурно се
задоволни од досегашните настапи на фудбалерот на Саутемптон кој игра во
животна форма, досега постигна четири погодоци, а запиша уште и три асистенции.
Ворд-Праус би бил одличен избор во дуелот против Шефилд Јунајтед кој сезонава
не може да се пронајде себе си.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Му падна камен од
срце на Џејми Варди (10.3) откако го постигна голот за победа на Лестер кај
Шефилд Јунајтед претходното коло во самата завршница, па капитенот на „Лисиците“
при прославата го скрши и корнер-знаменцето од возбуда, викендов пред себе како
противник ќе го има Брајтон и за очекување е напаѓачот да запише низа од два
меча на кои има постигнато гол, зошто да не и голови.
Веќе напишавме дека клучното прашање за ова коло е тоа колку е „достапен“ напаѓачот на Њукасл,
Калум Вилсон (6.5) за претстојното коло со оглед на хаосот кој настана во тој
клуб со заразите со ковид-19, за што беше откажан мечот против Астон Вила
минатото коло. Вилсон објави фотографија на социјалните мрежи во текот на
вчерашниот ден на која напиша дека е среќен што се вратил на тренинзите, а
фактот што дозвола за тренинг добија оние кои се негативни на тестирањето, нам
ни дава слика дека напаѓачот ќе биде во комбинација за пресметката со ВБА на
домашен терен. Вилсон сезонава игра во неверојатна форма, постигнувајќи седум
погодоци, а реализирајќи уште и три асистенции. Инаку, Њукасл се одлучи на крајно почитување на правото на приватност кај фудбалерите и отиде до таа мера никој засега да не дознае кој се зарази од тој состав со ковид-19, а за прв пат следиме дека ниту тоа можеме да го дознаеме на сајтот на „Фантази“, каде претходно мошне лесно можеше да се заклучи, како во примерите со Хаверц од Челси, Заха од Кристал Палас, Салах од Ливерпул итн., меѓутоа тоа остана мистерија за тимот на Њукасл, а оваа објава на Вилсон веројатно ни открива и повеќе од што сакаме да дознаеме со неговиот статус.

Малкумина
очекуваа дека Патрик Бамфорд (6.2) ќе биде тоа што е денеска по 11 одиграни
кола во Премиерлигата, тргна со цена од само 5.5, па брзо ги реши дилемите
околу минутажата откако пристигна големото засилување Родриго, запишувајќи осум
погодоци досега, а утревечер за противници ќе ги има фудбалерите на Вест Хем
кои сигурно ќе бидат „тврд орев“ за составот на Марсело Биелса.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Предлог-состав:
МекКартни (4.5); Бељерин (5.2), Џејмс (5.3), Алиоски (4.4);
Салах (12.3), Сон (9.6), Грилиш (7.7),
Ворд-Праус (6.2); Варди (10.3),
Вилсон (6.8), Бамфорд (6.2)
Капитен: Мохамед Салах
Заменик-капитен: Калум Вилсон
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
За крај, ќе ја
претставиме и моменталната ситуација на табелата во генералниот пласман кај
сите натпреварувачи од Македонија, како и актуелната ситуација на табелата во
лигата на „24фудбал“.
Во генералниот
пласман на Македонија лидер е Мики Попоски со досега освоени 790 бода, имате
можност да го проследите неговиот избор од претходното коло.


Во лигата на „24фудбал“
лидер е Александар Димовски со досега освоени 756 бода, можете да го проследите
и неговиот избор од претходното коло.


Среќно за сите
натпреварувачи во новото коло, не заборавајте да се приклучите во лигата на „24фудбал“
која во моментов брои над 600 натпреварувачи, кодот е следен: unckad