„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Дињ е добитната комбинација за ова коло

by
10 минути читање

Нова анализа од едицијата „24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“ како
помошна алатка за сите натпреварувачи од Македонија на мега популарната
платформа која е линковски поврзана со Премиерлигата, а во моментов брои над
шест милиони натпреварувачи од сиот свет, од кои над седум илјади се од
Македонија.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Најпрво ќе се осврнеме на случувањата во воведното прво
коло, во финалната анализа препорачавме балансиран тим за подолг период, како и
ротација по потреба, а радува фактот што во истиот имаме дури тројца фудбалери
кои влегоа во тимот на колото.

Претходната анализа: Балансиран тим со можност за ротација по потреба

Тимоти Кастањ од Лестер се чини беше крупната зделка во
поглед на трансферите, Белгиецот со вредност од само 5.5 освен што запиша
бодови од клин-шит, односно меч без примен гол, дополнително го постигна и
водечкиот гол за Лисиците на гостувањето кај ВБА каде фаворитот славеше со 0-3,
а Кастањ мечот го заокружу со фантастични 14 бода.

Понатаму, наведовме дека е невозможна мисија да тргнете без
Мохамед Салах од Ливерпул во новата сезона, Египјанецот постигна хет-трик во
победата од 4-3 против Лидс на домашен терен, со што заокружи 20 бода.

Понатаму, тука е секако и новата аквизиција во Арсенал,
искусниот Вилијан кој запиша хет-трик од асистенции во победата од 0-3 кај
Фулам, со што заокружи 14 бода од неговиот настап, а во нападот Тимо Вернер од
Челси запиша асистенција во победата од 1-3 кај Брајтон и постигна скромни 5
бода.

Остануваме на своето дека опцијата „Вајлд-карта“ треба да ја
искористите за подоцнежните кола, иако забележуваме дека илјадници
натпреварувачи немаа трпение тоа да го сторат, ќе потсетиме дека во претходната
анализа селектиравме тим со фудбалери на подолг рок кои би можеле да ги ротирате,
тука се секако и Арон Ван-Бисака, односно Бруно Фернандеш од Манчестер
јунајтед.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Сега се префрламе во крајниот воведен дел во пресрет на
селектирањето фудбалери, а првично ќе започнеме со актуелната ситуација со
трансферите, а воопшто не не изненадува фактот што Бруно Фернандеш од Манчестер
јунајтед, како и Кевин Де Брујне од Манчестер Сити се двајцата најкупувани во
пресрет на второто коло, на оваа листа се уште и Вилијан од Арсенал, Бамфорд од
Фулам, како и габриел од Арсенал.

Од друга страна пак, речиси и да нема изненадувања ниту во
онаа негативна листа на трансфери, над 400 илјади натпреварувачи веќе се
ослободиле од Тимо Вернер од Челси, напаѓачот е неизвесен за настап во дербито
на домашен терен против Ливерпул, понатаму следат Сон од Тотнем кој разочара во
првото коло, како и Трент Александер-Арнолд од Ливерпул кој исто така разочара
на стартот од новата сезона.

Алекс МекКартни (Саутемптон) и Метју Рајан (Брајтон) се двајцата
најкуѕпувани голмани, со тоа се потврдија нашите очекувања дека најисплатлива
варијанта се двоецов голмани кои би можеле да ги ротирате секое коло по
потреба, а со тоа да заштедите во банката за одредено засилување кое може да
дојде до повеќе бодови.

Иако гостува кај доста амбициозниот сезонава, Њукасл, Рајан
(4.5)
со Брајтон би бил најдобрата опција од оние нискобуџетни голмани за ова
коло, поточно од двоецот кој веќе го наведовме неколку пати пред самата сезона
да започне.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Лука Дињ (6) од Евертон не е ниту во топ десет дефанзивци
кои ги имаат натпреварувачите во своите тимови, причината не ни е позната, а
Французинот уште во првото коло во минималниот триумф кај Тотнем покажа што
знае и умее, откако асистираше во голот на Калверт-Луин за победа, за на крајот
мечот да го заврши со фантастични 14 бода. Следен на програмата на „Карамелите“
е ВБА, екипа која по првично прикажаното остави впечаток дека има Чемпионшип
состав, далеку од Премиерлигашки. Дињ и Евертон имаат одличен распоред, а
Французинот ви е сигурен избор за идните три кола. Во однос на еден од најдобрите бекови во Премиерлигата ќе додадеме дека е прв изведувач на прекините во Евертон, а фактот што има само 11% натпреварувачи зад себе говори дека може да направи голема разлика.

Со само 4% во тимовите на натпреварувачите, Тимоти Кастањ (5.5)
донесе огромна разлика во тие тимови, постигнувајќи гол во победата на Лестер
кај ВБА во првото коло, а дополнителниот клин-шит му донесе генерално гледано
14 бода од таа пресметка. Кастањ ова коло на домашен терен за противник го има
Барнли, што е нова можност за клин-шит со оглед на играта на гостите, потоа
следи Манчестер Сити на гостински терен, за потоа два меча по мерка за „Лисиците“
во кои сигурно ќе се очекува најмалку клин-шит, Вест Хем, односно Астон Вила.

Остануваме на довербата кон Мет Доерти (6) од Тотнем,
првично прашањето беше колку Ирецот ќе биде дел од офанзивната игра на клубот
од Лондон, а истото доби потврда во поразот од Евертон, откако Доерти често го
гледавме на противничката половина, па дури имаше и сто процентна шанса за гол.
Фактот што игра во средниот ред, што го гледаме како опасност кон противничките
голови, е доволна причина да му дадеме уште една прилика на Доерти кој со
својот тим викендов гостува кај Саутемптон кој игра во очајна форма.

Време е за Арон Ван-Бисака (5.5) кој со својот Манчестер
јунајтед има два противника по мерка во воведниот дел од новата сезона, најпрво
следи Кристал Палас на домашен терен, а потоа гостување кај Брајтон. Сигурно
дека бекот ќе има посебни мотиви за докажување викендов против својот поранешен
клуб.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Бруно Фернандеш (10.5) од Манчестер јунајтед како што можевте
да забележите погоре е најкупуваниот фудбалер во пресрет на ова коло, сосема
очекувано, а Португалецот ова коло за противник ќе го има Кристал Палас на
домашен терен, за потоа да следи гостувањето кај Брајтон, две кола по мерка за
„Црвените ѓаволи“. Ќе потсетиме дека Манчестер јунајтед го прескокна првото
коло поради тоа што се задржа нешто повеќе во европските натпреварувања, а сето
тоа поради договорот на Премиерлигашите сите да имаат 30 дена одмор до првиот
меч, истиот случај е воедно и со Манчестер Сити.

Кевин Де Брујне (11.5) со Манчестер Сити новата сезона во
Премиерлигата ја започнуваат на гостински терен кај доста незгодниот
Вулверхемптон кој стартуваше со победа кај Шефилд Јунајтед (0-2). Избраниците
на Пеп Гвардиола пред себе ќе имаат стабилен противник кој никогаш не излегол
со бело знаме на теренот, меѓутоа Белгиецот сигурно ќе биде главна ѕвезда во
составот на вицепрвакот.

По одличното деби во Премиерлигата во дресот на Арсенал,
Вилијан (8) сега го очекува дуел против Вест Хем на домашен терен, она што
треба да го имате на ум за Бразилецот е фактот што тешко е од него да очекувате
да одигра нешто повеќе од 70 минути, меѓутоа, со оглед на огромната разлика во
цена со Пјер-Емерик Обамејанг (12), Вилијан дефинитивно е многу подобра
варијанта, што се потврди и во првото коло.

Од причина што Челси не се прикажа во некое посебно светло
во првиот меч, и покрај победата од 1-3 кај Брајтон, ќе му укажеме доверба на
Мохамед Салах (12) од Ливерпул во големото дерби на второто коло на „Стемфорд
бриџ“. Челси е доста ранлив во одбраната, а тоа Египјанецот знае многу добро и
умешно да го казни.

Статистиката вели дека Хамес Родригез (7.5) е првиот
дебитант во Премиерлигата кој креирал најмалку пет шанси за својот тим по
Алексис Санчез за Арсенал во 2014. година. Се уверивме во тоа што го може
Колумбиецот во победата на Евертон кај Тотнем, а се потврди и неговата одлична
соработка со тренерот Карло Анчелоти кој сигурно има многу причини за
задоволство. Особено од играта увидовме одлична соработка со Ришарлисон, како и
Дињ, веќе наведовме погоре дека Евертон на домашен терен го пречекува ВБА кој
речиси да нема дилеми дека сезонава ќе го чека грчевита битка за опстанок во
елитното фудбалско друштво на Островот.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Гостувањето кај Лидс е една од ретките шанси каде Фулам може
до бодови, нечесно е толку рано да го отфрлиме тимот од „Кревин котиџ“, меѓутоа
таквото мислење е општо кај сите љубители на островскиот фудбал, особено по
катастрофалното издание против Арсенал. Александар Митровиќ (6) не беше стартер
против „Топчиите“, меѓутоа Србинот сигурно ќе почне од првата минута на
гостувањето кај Лидс кој импресионираше во првото коло. Дополнително, ќе
наведеме дека Митровиќ му донесе победа на Фулам на гостувањето кај Ипсвич (0-1)
и прогрес во Купот, со што можеме да заклучиме дека Србинот викендов ќе влезе
во полн ритам.

 

Предлог состав:

Рајан (4.5); Дињ (6), Кастањ (6), Доерти (6), Ван-Бисака (5.5);
Фернандеш (10.5), Де Брујне (11.5), Вилијан (8), Салах (12), Родригез (7.5); Митровиќ
(6)

Капитен: Фернандеш

Заменик-капитен: Дињ

 

Традиционално во краток опис ви ја претставуваме моменталната
ситуација на табелата каде се сместени сите натпреварувачи од Македонија, како
и онаа во која учествуваат нашите читатели на порталот.

Во генералната лига на Македонија лидер е Иво Најдески со
освоени 112 бода, а во најдобрата петорка бележиме дури тројца со идентичен
број бодови. Во продолжение имате можност и да се запознаете со изборот на
Најдески.

Што се однесува пак до лигата на „24фудбал“, лидер е натпреварувачот
потпишан како Анито Ситуацијата со освоени 109 бода, имате можност да го
проследите и неговиот избор.

Среќно на сите натпреварувачи во второто коло од Фантази
Премиерлигата, не заборавајте да ни се приклучиле на лигата на „24фудбал“,
кодот е следен: unckad

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани