21-годишниот Шпанец наместо во Наполи отиде во Саудиска Арабија!

by
0 минути читање

Селта и Наполи беа блиску до договор за трансфер на Габри Веига, но тој не се случи.

Во меѓувреме на адреса на Селта стигна понуда од Ал Ахли која беше прифатена и од клубот и од фудбалерот.

Габри Веига важи за голем шпански талент, но со само 21 година заминува за Саудиска Арабија каде ќе биде далеку од очите на европската фудбалска јавност и ќе игра во првенство кое е далеку под нивото на најдобрите пет лиги.

×