13 години по продажбата на Бензема, Лион од Реал чека бонус од 1 милион евра?!

by
1 минути читање

„Франс Фудбал“
синоќа ја доделуваше „Златната топка“, престижната индивидуална награда за најдобар фудбалер во годината заврши
во рацете на Карим Бензема.

Како што
пренесува „Л’Екип“, и во Лион се израдувале на гласањето, чекаат милионска
исплата од Реал Мадрид.

Имено, кога Лион
во 2009 го продал Карим Бензема на „краелевите“ за 35 милиони евра, бил вметнат
и бонус од 1 милион евра во случај напаѓачот да ја освои „Златната топка“.

АС исто така потврдува
дека имало бонус од 1 милион евра за освојување на „Златната топка“, но
весникот појаснува дека оваа клаузула важела само за првиот договор кој напаѓачот го
потпишал со Реал Мадрид до 2015 година.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×