„Ѓаволите“ секоја
сезона инвестираат огромни пари на засилувања, но никако да фатат приклучок со
водечките екипи и да се борат за титулата во Премиерлигата, па често
фудбалерите се мета на стручните коментатори и легендите на клубот.
Антони, кој редовно
добива критики по трансферот од Ајакс вреден околу 100 милиони евра, сега го
крена гласот.
„Гледам како
поранешни играчи и легенди на клубот делат критики, на тоа се надоврзуваат и
медиумите, се влијае врз мислењето на илјадници навивачи, па често ме
споменуваат и кога не играм“ – вели Бразилецот.
„Ниту еднаш не
сум добил конструктивна критика, која ќе ми помогне да станам подобар професионалец“.
„Никој ми нема
пратено порака, да праша како се чувствувам, особено во турбулентниот период
низ кој минав“.
„Овој дигитален
свет, каде што секој суди, уништува животи. Никој не го интересира вистината и
сите работи се вадат од контекст“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.