100 дена беа доволни за да убеди дека е правиот човек за работата, Де Роси останува тренер на Рома!

by
1 минути читање

По отказот на
Жозе Мурињо во јануари месец, Даниеле Де Роси беше именуван за нов предводник
на Рома како привремено решение до крајот на сезоната.

Легендата на
„волчицата“ за кратко време ги промени работите, па 100 дена поцона, пристигна
известување дека тој останува на кормилото.

„По вчерашниот
состанок со Даниеле Де Роси, со задоволство можеме да соопштиме дека тој ќе биде
тренер на Рома и следната сезона, како и во догледна иднина“
– гласеше известувањето.

„Даниеле води со
почит и храброст, додека неговата сила и длабоко вкоренети верувања во клубот
се навистина усогласени со вредностите на Рома, градот и навивачите“.

„Ќе продолжиме да
работиме заедно за да обезбедиме иднина каква што заслужуваат навивачите на
Рома.  Не би можеле да бидеме посреќни
што ќе изградиме долгорочен проект со Даниеле“.

Откако седна на
жешкото столче на „Олимпико“, Де Роси донесе 11 победи од 16 натпревари, ја
врати Рома во битката за место во Лигата на шампиони, а е на добар пат и да
обезбеди полуфинале во Лига Европа, вечерва „волчицата“ дома ќе брани предност
од еден гол на реваншот против Милан.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани