10 гола на два натпревари, Атлетико Мадрид и Шахтар со пресврти до победи (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Многу возбуда и
дури 10 гола на двата натпревари од 18:45 часот во Лигата на шампиони.

Атлетико Мадрид и
Шахтар славеа со идентични 3-2 против Феенорд, односно Антверп. Интересно, на
двата меча до победа се стигна по пресврт.

Избраниците на Симеоне
два пати беа во негатива, Феенорд водеше со 0-1 и 1-2 со автоголот на Ермосо,
односно погодокот на Ханцко, но Атлетико Мадрид преку Мората и атрактивниот гол
на Гризман се погрижи на полувреме да биде 2-2.

На стартот од
вториот дел, Мората по втор пат се запиша во листата на стрелци за целосен
кам-бек и триумф од 3-2.

Во Белгија,
Антверп со 2-0 замина на полувреме, Муја и Баликвиша донесоа сигурна предност
по првите 45 минути.

Сепак, гостите на
стартот од второто полувреме преку Сикан намалија на 2-1, за потоа Ракицки да
изедначи на 2-2. Во 76. минута беше направен целосен пресврт, Сикан со својот втор
гол донесе 2-3. 

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×