140
Италијанските медиуми пишуваат дека Лука Јовиќ во јануарскиот преоден рок ќе го напушти Милан, неговиот агент веќе му бара нов клуб.
Јовиќ има неколку опции, а една од нив е Јувентус. Наводно гигантот од Торино го посакува Србинот како опција во нападот поради повредата на Аркадиуш Милик.
Добриот однос на Јовиќ со неговиот сонародник Влаховиќ може да биде една од предностите за реализација на овој трансфер.
Јовиќ и во Јувентус не би бил прва опција во тимот, шансата би ја чекал од клупата за резерви. Доколку цели кон стартна позиција, ќе мора да бара друг тим.