302
Баерн Минхен го исфрли Леон Горецка од првиот тим за натпреварот од германскиот куп кој баварците го играат вечерва.
Искусниот Горецка не се најде во плановите на Компани и тоа е јасен показател дека може да биде продаден до крајот на преодниот рок. Инаку, Горецка во минатата сезона беше еден од најважните фудбалери на Баерн и одигра 42 натпревари.
Според информациите на германскиот „Скај Спорт“, тренерот Компани има визија каков среден сака и Горецка не е во тие замисли. Поради тоа тој го исклучи од составот и сака да го продаде ова лето. Во овој момент не е познато која би била цената за која Баерн ќе го продаде.