168
Екипата на Челси му доведе нов голман на новиот тренер Енцо Мареска, откако го договори трансферот на Филип Јоргенсен.
Младиот дански чувар на мрежата доаѓа од редовите на Виљареал, а за неговите услуги „сините“ ќе платат 24,5 милиони евра. Данецот веќе некое време има договорено лични услови со Челзи за долгогодишна соработка.
Во редовите на Челси Јоргенсен доаѓа како желба на Мареска. 22-годишниот голман е поранешен младински репрезентативец на Данска, а сè уште го чека својот ред во сениорскиот тим.
Како младинец Јоргенсен од Малме се сели во Шпанија, таму беше дел од неколку клубови пред да пристигне во Виљареал чиј член е од 2015 година кога тој имаш 13 години.