140
УЕФА уште еднаш покажа дека не се шегува кога се зборува за однесувањето на навивачите.
Казна од Европската фудбалска федерација доби хрватски Хајдук Сплит, поради неговите навивачи на гостувањата против Торшавн и Рузомберок во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.
Според Дисциплинската комисија на УЕФА, навивачите направиле нереди со фрлање на предмети и употреба на пиротехнички средства.
Поради тоа, Хајдук ќе мора да плати сума од 50.000 евра, па заработката му е нешто под еден милион евра.