151
Имаше добар старт Марсело Биелса на клупата на Уругвај, но последните резултати ја намалија еуфоријата и донесоа проблеми во оваа репрезентација.
Уругвај беше елиминиран од ККолумбија во полуфиналето на Копа Америка, а потоа навивачите дополнително беа разочарани од нерешените резултати со Парагвај и Венецуела во септември.
Неодамна Луис Суарез кој одлучи да се повлече од репрезентацијата јаввно зборуваше за лошиот однос на Биелса со фудбалерите. Суарез тврдеше дека Биелса имал чудни барања, а на моменти дури не ги ни поздравувал фудбалерите.
Федерико Валверде не се плашеше и да потврди дека се што зборувал Суарез е вистината, па се пишува дека во Уругвај има бунт против искусниот стратег.