190
Барселона како што е познато своите натпревари ги игра на стадионот „Монжуик“ поради обновата на „Камп Ноу“, а од каталонскиот гигант сега објавија 3Д фотографии од како би требало да изгледа нивниот нов дом.
За обновата Барселона ќе потроши 1.5 милијарда евра, а 60% од капацитетот би требало да биде завршен до крајот на оваа година, додека комплетно реновираниот „Камп Ноу“ би можеле да го добие во почетокот на идната година.
Покрај „Камп Ноу“ се обновува и арената во која играат кошаркарите и ракометарите, исто така и стадионот „Јохан Кројф“ кој е користен од резервниот и женскиот тим на Барселона.