133
Фудбалерите на Манчестер Сити и Милан одиграа пријателски натпревар на стадионот на Њујорк Јенкис, а „росонерите“ славеа со 2-3.
Во пресрет на средбата, срдечна средба имаа легендата на шведскиот фудбал и сегашен директор на Милан, Златан Ибрахимовиќ, со ѕвездата на Манчестер Сити – Ерлинг Халанд.
„Викинзите“ од Скандинавија се поздравија, си разменија по неколку зборови на англиски јазик и Ибрахимовиќ доби подарок дрес. Халанд го имаше потпишано дресот со натпис: „За Златан, вистинска легенда. Сè најдобро!“. Ако ситуацијата се случеше пред неколку години веројатно Халанд ќе добиеше потпишан дрес од легендарниот Ибра, но тој сега е на извршна функција во Милан.