143
Екипата на Ливерпул вчера славеше победа против Челси во дербито со 2:1, а во овој натпревар тренерот Арне Слот испиша историја.
Слот за само 11 натпревари како премиерлигашки тренер успеа да дојде до десеттата победа. Пред него е само Пеп Гвардиола кој на почетокот во епизодата во Сити оствари десет победи на десет натпревари.
Резултатите за стратегот на Ливерпул се охрабрувачки и изгледа дека тие ќе бидат едни од главните кандидати за титулата.
Ливерпул по осум одиграни кола е лидер со 21 бод, Манчестер Сити има еден бод помалку на втората позиција.