196
Баерн Минхен зад себе има сезона во која не освои ниту еден трофеј, па поради тоа германскиот гигант прави промени и верува во подобри денови.
Клубот веќе ги ангажираше Олисе, Палињо и Ито, а треба да има и заминувања. Германските медиуми пренесуваат дека дури 13 фудбалери немаат загарантирано место во стартниот тим и дел од нив веројатно ќе заминат.
Oние кои не се сигурни се крилата Коман, Гнабри и Зарагоза, потоа фудбалерите за врска Горецка, Кимих и Лајмер, стоперите Де Лихт, Дајер, Мин-џае и Упамекано, како и бековите Мазрауи, Дејвис и Боеј.
Најавите се дека најмалку две крила, еден играч за врска, двајца стопери и еден бек ќе бидат продадени.