240
Илкај Гундоган и дефинитивно ќе ја напушти Барселона, објави Фабрицио Романо.
Играчот за врска ќе го напушти каталонскиот гигант со спогодбен раскин на договорот како слободен играч.
Веќе се најавува и дека Манчестер Сити е во завршни преговори да го врати во клубот откако го пушти да замине во Барселона минатото лето.
Не е потврдено, меѓутоа се шпекулира дека Дани Олмо е причината поради која Гундоган донел одлука да замине. Наводно, Гундоган сметал дека нема да го има истиот статус кој го имаше во минатата сезона.
За Барселона во минатата сезона Гундоган одигра 41 натпревар.