185
Витор Роке пристигна како големо засилување за Барселона, но не успеа да се наметне, па ова лето ќе го промени клубот, неговата иднина наскоро ќе биде одлучена.
Спортинг Лисабон сака да го купи Роке за пакет од 30 милиони евра со вклучени бонуси.
За разлика од португалскиот клуб, Бетис сака да го добие на едногодишна позајмица од Барселона.
Се верува дека можно е уште денеска Роке да донесе одлука за тоа кој ќе биде неговиот нов тим.