206
Реал Мадрид со 2-1 го победи Челси во пријателскиот натпревар одигран во Шарлот, САД.
Резултатот беше отворен во 19. минута, Реал Мадрид поведе со гол на Лукас Васкез.
Осум минути подоцна веќе беше 2-0, а стрелец на погодокот беше Брахим Диаз.
На пет минути до крајот на првото полувреме Мадуеке реализираше со глава и намали на 2-1. Тоа беше конечниот резултат, немаше погодоци во вториот дел.