159
Милан со 3-1 ја победи Монца и го освои трофејот „Силвио Берлускони“ како загревање за стартот на новата сезона во Серија А.
Резултатот беше отворен во 11. минута кога Салемакерс погоди по асистенција од Лофтус Чик. До крајот на првиот дел Монца изедначи со гол на Даниеле Малдини кој е дете на Милан, син на легендарниот Пауло Малдини.
На почетокот од второто полувреме Лука Јовиќ го врати водството на Милан, а нешто подоцна Рајндерс даде прекрасен гол од слободен удар за победа од 3-1.