107
Конференциската лига на УЕФА беше отворена со два натпревари во непопуларен термин од 16:30 часот.
Рапид Виена триумфира на гостувањето кај Истанбул Башакшехир со 1-2 (1-1) за добар старт на евро-сезоната. Австријците го отворија резултатот преку Луис Шауб, но Кшиштоф Пјонтек израмни на 1-1 во последните секунди од полувремето. На стартот на вториот дел Шауб со својот втор гол донесе победа за Рапид, а гостите имаа и два поништени гола.
Поубедлива беше Виториа Гимараеш на домашен терен против словенечки Целје (3-1). За Португалците погодуваа Саму, Густаво и Тиаго Силва, додека почесен гол за Словенците даде Аљоша Матко.