139
ПСЖ се радува во многу ефикасен меч со Стразбур со 4-2 во осмото коло на Лига 1. Публиката на „Паркот на принцовите“ уживаше во одличен фудбал, но исто така и шест погодоци.
Резултатот го отвори 18 годишниот Сени Мајулу кој го даде својот деби-гол за парижани (1-0). Вториот гол беше дело на Марко Асенсио на стартот на вториот дел. Стразбур намали преку Мара, а потоа погоди и Бредли Баркола за домаќините.
Следеше „празен“ период, но стрелците пак се истакнаа во финишот. Прво во 90. минута на 4-1 зголеми Канг Ин, додека една минута подоцна стрела и Дионг за Стразбур.
ПСЖ со оваа победа се врати на првото место во француското првенство, откако Монако претходно киксна и одигра реми.