241
Младиот Марк Бернал кој беше стартер под водство на Ханси Флик, го чека долга пауза откако ги скина лигаментите за време на мечот против Рајо Ваљекано.
Пред самиот крај на натпреварот Бернал заработи тешка повреда која ќе го одалечи со месеци надвор од теренот.
17-годишниот фудбалер од средниот ред беше стартер во тимот на Флик и важеше за важен играч, но Германецот оваа сезона ќе го крои составот без него.
Се очекува Бернал да биде надвор од теренот најмалку седум месеци, ако успее да се врати оваа сезона, тоа би било во финишот.