198
Сезоната во клупскиот фудбал е се поблиску до својот почеток, па сега се појави и предвидување за исходот на табелата во Премиер лигата и тоа од „ChatGPT“.
Според вештачката интелигенција титулата во англискиот фудбал ќе му припадне на Манчестер Сити, додека зад нив би биле избраниците на Микел Артета. Ливерпул и Манчестер Јунајтед сезоната би ја завршиле како трети и четврти.
На Челси му се предвидува петтата позиција, а место во Европа би имало уште за Њукасл и Астон Вила.
Во понизок ранг би се преселиле Нотингем Форест, Вулверхемптон и Ипсвич.