По пауза од 14 години германскиот гигант се враќа во Лигата на шампионите

by Стефан
2 минути читање

На вчерашната победа на Борусија Дортмунд против Пари Сен Жермен се израдува и екипата на Штутгарт која така го потврди враќањето во Лигата на шампионите по пауза од цели 14 години.

Борусија со победата обезбеди уште едно дополнително место во најелитното европско натпреварување за германската Бундеслига, па така следната сезона во новиот формат на ЛШ ќе гледаме пет клубови од Германија. Претходно пет учесници си обезбеди и Италија, по четири ќе имаат Англија и Шпанија.

Од Бундеслигата веќе се потврдени четири учесници. Покрај Штутгарт свое место имаат обезбедено шампионот Баер Леверкузен, Баерн Минхен и Лајпциг на Елиф Елмас. Блиску да го потврди пласманот во европската елита е и Борусија Дортмунд.

Штутгарт по послабите резултати сезонава конечно заигра на едно високо ниво и во овој момент се на третата позиција на табелата, зад Баер Леверкузен и Баерн Минхен.

Еден од најзаслужните за одличната сезона за Штутгарт секако е напаѓачот Серхи Гираси кој постигна 25 гола, но со оглед на тоа дека се поврзува со поголеми европски клубови, не е сигурно дека и идната сезона ќе го гледаме во овој клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани