Податок кој звучи неверојатно: Ова на Флорентино Перез во Реал Мадрид никогаш не му успеало

by Стефан
1 минути читање

Флорентино Перез е еден од најпознатите и најславните претседатели, со Реал Мадрид низ историјата оствари голем број успеси.

Многумина би кажеле и дека е најдоминантиниот претседател во светот на фудбалот и има големо влијание. Успеа во Реал Мадрид да доведе голем број светски ѕвезди, а следно име од таков калибар би требало да биде Килијан Мбапе.

Меѓутоа и тој има една голема неостварена желба. Имено, Реал Мадрид под негово водство никогаш не успеал да биде шампион на Шпанија двапати во низа.

Перез на чело на Реал беше од 2000. до 2006. година и клубот во тој период освоидве шампионски титули. Си замина токму кога „кралевите“ во 2007. и 2008. година славеа титули, а се врати во 2009. година и од тогаш Реал никогаш две години во низа не бил шампион во Ла Лига.

Шпанските медиуми повикувајќи се на интерни кругови пишуваат дека тоа е голема желба на Перез, иако со саботната титула стана најтрофејниот претседател во историјата на Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани