273
Светското првенство во 2030 година ќе се одржи во три земји, Мароко, Шпанија и Португалија. Сите организатори ги испратија кандидатурите на градовите и стадионите кои сакаат да ги користат, а во битката за големото финале се три имиња.
Се работи за славните „Сантијаго Бернабеу“ и „Камп Ноу“ кои се неодамна реновирани, но и неверојатниот нов стадион кој ќе никне во Казабланка под името „Стејд Хасан Втори“.
Стадионот кој е во изградба ќе стане и најголемиот на светот, бидејќи ќе има капацитет од 115.000 гледачи. Според првичните фотографии, под уникатниот покрив на стадионот ќе има ботанички градини, отворени терени и многу други новитети.