207
Хрватскиот ветеран, Марсело Брозовиќ во иднина нема да го носи дресот на репрезентацијата на Хрватска.
Фудбалерот кој беше дел од најголемите успеси во хрватскиот репрезентативен фудбал, среброто во Русија и бронзата во Катар одлучи дека е време да каже „збогум“ на репрезентацијата.
Брозовиќ се повлекува од играњето за Хрватска со 99 одиграни натпревари во кои постигна седум погодоци.
Ќе потсетиме во клупската кариера во овој момент тој е фудбалер на саудискиот Ал Наср.