178
По ремито против Торино во првото коло, Милан денеска загуби со 2-1 на гостувањето кај Парма, лош почеток за росонерите во новата сезона.
Дека Милан ќе има проблеми кај Парма беше најавено уште во втората минута кога Ман постигна гол за водство на домаќините од 1-0.
Тој резултат беше актуелен до 66. минута кога Пулишиќ израмни и ја врати надежта на Милан дека може до победа.
Но, десет минути подоцна Канселиери погоди за ново водство на Парма, овојпат од 2-1, што беше и конечен резултат.
Во истиот термин Удинезе го совлада Лацио исто така со 2-1.