212
Фудбалерите на Хајдук одиграа нерешени 0-0 против Ружомберок на гости во третото претколо за Конференциската лига на УЕФА.
На самиот крај на овој натпревар се случи интересна ситуација. Иван Перишиќ, кој беше резервист и влезе по еден час игра, имаше топка на средината во ветувачка акција. Се играше 92 минута, а искусниот Хрват наместо да проигра направи голема грешка и ја испрати топката во аут.
На тоа лут беше тренерот Џенаро Гатузо кој пак се најде во центарот на вниманието. Италијанецот викаше по Перишиќ, а потоа бесот го искали врз помошниот фрижидер пред клупата.
Видеото од моментот погледнете го на ОВОЈ линк.