174
Во последно време во англиската јавност многу се пишува за иднината на Вирџил Ван Дајк, а според последните информации стоперот донел конечна одлука.
Се шпекулираше дека Ван Дајк на крајот од сезоната може да го напушти Ливерпул, но како што стојат работите од тоа нема да има ништо.
„Фудбал Инсајдер“ објави дека Ван Дајк ќе потпише нов договор со Ливерпул и за таа одлука веќе ги известил своите пријатели.
Наводно разговорите започнале и одлично напредувале, па се би требало да биде наскоро завршено. Ваквата информација секако е одлична вест за навивачите кои сакаат и понатаму да го гледаат Ван Дајк во дресот на „црвените“.