Најпознатата салфетка во историјата на фудбалот се продава на аукција, цената достигна 300.000 долари

by Стефан
1 минути читање

Една од најпознатите салфетки во историјата секако е онаа на која Барселона го испиша ветувањето дека ќе потпише договор со тогаш 13-годишниот Лионел Меси, а сега таа салфетка е ставена на аукција.

Салфетката се продава на аукција и веќе е познто дека постои понуда од 300.000 долари. Оваа салфетка е потпишана во декември во 2000 година кога Карлес Рексач, тогашниот директор на Барселонасе договори со агентот Хорацио Гагиоли да го ангажираат тинејџерот кој подоцна стана најдобриот стрелец на клубот на сите времиња.

Меси на Барселона и помогна да освои 35 трофеи, запишувајќи рекордни 782 настапи и постигнувајќи 674 гола. Меси ја напушти Барселона во 2021 година и сега игра за Интер Мајами.

„Ако го сакате фудбалот, ќе знаете што значи Лионел Меси и ќе знаете дека дефинираше фудбал за многу генерации“, изјави организаторот на аукцијата која завршува на 17-ти мај.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани