Навивачите на Арсенал во неверица, фудбалерите на Фулам на тренинг си летаа змејови (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Арсенал

Навивачите на Арсенал се разочарани од опуштеноста на фудбалерите на Фулам во пресрет на дуелот против Манчестер Сити, Вилијан, Андреас Переира и Родриго Муњиз летаа змејови.

Арсенал чека кикс на Манчестер Сити во последните три натпревари за да имаат шанси да се радуваат на титула во Премиерлигата, но навивачите на клубот од Северен Лондон останаа во неверица откако на социјалните мрежи се појави видео од тренингот на Фулам.

Фулам овој викенд го пречекува Манчестер Сити, домаќините ќе немаат некој посебен мотив, а она што им боде во очи на „топчиите“ е релаксираноста на Вилијан, Андреас Переира и Родриго Муњиз, кои летаа змејови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани