141
Хрватскиот фудбалер, Лука Модриќ влезе во историјата на Реал Мадрид како фудбалер кој освоил најмногу трофеи во овој клуб.
Пред денешниот Суперкуп, Модриќ и Начо имаа по 26 трофеи. За разлика од неговиот соиграч, Хрватот остана во кралскиот клуб, па со денешниот трофеј го надмина Шпанецот и стана најтрофеен во историјата.
Модриќ првпат како капитен на Реал Мадрид го крена трофејот.