211
Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Цезар Паласиос, одигра само пет минути во поразот од Милан (1-0) на пријателскиот натпревар во САД.
Ова младо 19-годишно момче се здоби со тешка повреда и мораше да биде заменет. Лекарите веднаш забележаа дека нешто не е во ред, а по дополнителните прегледи се откри лошата вест.
Младиот Паласиос има потешка повреда на предните вкрстени лигаменти. Поради тоа тој ќе ги напушти припремите на Реал во САД и ќе се врати во Шпанија. Докторите треба да одредат дали ќе биде потребна операција која дополнително би го одложила неговото враќање на терените.
César Palacios injured
— _Success🃏🗽 (@_SuccessPOTUS) August 1, 2024
Alvaro on
Real madrid should be focused on the ball and be quick with their decisions pic.twitter.com/qhEL10Eb7L