204
Италијанскиот гигант Милан вчера во доцните часови ги договори сите детали за трансферот на Страхиња Павловиќ од редовите на Салцбург, а веќе денес е близу до уште еден договор.
Се работи за бразилскиот десен бек Емерсон Ројал кој е член на Тотенхем. Тој веќе некое време се споменува како една од желбите на Фонсека, а според најавите двата клуба се во завршна фаза на преговорите.
Бразилецот веќе пред некое време прифати трансфер во Милан, а се очекува за неговите услуги клубот да плати околу 15 милиони евра, плус одредени бонуси.
Се очекува да се „испеглаат“ деталите, меѓутоа набргу сè би требало да се подготвено за и Емерсон Ројал по Павловиќ да стане нов играч на Милан.