335
Милан со гол на Чукуезе го победи Реал Мадрид со 1-0, кралскиот клуб имаше прилично силен состав, но не успеа да постигне гол на пријателскиот меч кој се одигра во Чикаго.
Росонерите изгледаа одлично, создаваа шанси, а единствениот гол го постигнаа преку Чукуезе по десет минути игра во вториот дел.
Реал Мадрид во офанзивата стартуваше со Ендрик, Ѓулер, Диаз, позади нив беше Модриќ, но момците на Анчелоти не успеаа да постигнат погодок на овој меч.